Кантона му испрати порака на Ретклиф: Не смее да си дозволи такви изјави како косопственик на Јунајтед

Дерби

18/10/2026

14:56

365

Големина на фонт

а а а

Ерик Кантона е клупска легенда на Манчестер Јунајтед, но и фудбалско име кое не сака да има ништо заедничко со актуелното раководство предводено од Џим Ретклиф.

Британскиот милијардер засега не успева да го врати клубот онаму каде што посакуваат фановите, а во меѓувреме предизвика контроверзи и со своите изјави за имиграцијата, потенцирајќи ја како еден од главните проблеми на Обединетото Кралство.

Кантона добил прашање на социјалните мрежи за тоа дали би потпишал за Јунајтед во периодот во кој е предводен од Ретклиф.

– Секако дека не би го направил тоа, знаете што мислам за ваквите политики и не можам да разберам како може да си дозволи таква изјава додека е на чело на клуб како Јунајтед.

– Фудбалот е многу популарен спорт, но најголем број ѕвезди се производ на одреден бран на имиграција. Така е и во Англија, но и во Франција, јас веќе направив и документарен филм за придонесот на имиграцијата за францускиот фудбал.

– Рајмонд Копа од 50-те години од минатиот век е син на полски имигранти кои дошле во Франција и работеле напорно во Франција.

– Потоа имаме играчи со италијанско потекло како Платини, па шпански бегалци каква што била мојата мајка, не можам да прифатам вакви изјави, – рекол Кантона.