Затекнати при нелегална сеча на 43 букови стебла во струшко, приведени двајца мажи

Макфакс

17/10/2026

20:10

240

Големина на фонт

а а а

Двајца жители на струшкото село Подгорци биле лишени од слобода откако биле затекнати при нелегална сеча на 43 букови стебла во месноста Подгоречки бачила. Исечените дрва ги товареле во три патнички возила за нелегален транспорт.

Од МВР информираат дека 46-годишниот Е.А. и 45-годишниот Р.А. биле затекнати на 16 октомври во 17 часот, при координирана акција на полициски службеници и Шумската полиција.

Дрвата ги товареле во возила „опел“, „застава“ и „сузуки“.

По насоки на јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против двајцата ќе биде поднесена кривична пријава за „пустошење шуми“, според член 226 од Кривичниот законик.