Во Тетово е приведен 36-годишен маж откако неговата мајка пријавила дека станал агресивен по добивањето пари и побарал дополнителна сума, при што и фрлил предмет.
36-годишен тетовец бил приведен откако неговата 62-годишна мајка пријавила дека станал агресивен откако му дала пари и побарал уште.
Според информациите од МВР, инцидентот се случил денеска, околу 1 часот по полноќ. Жената пријавила дека синот ѝ побарал пари, а откако ги добил, станал агресивен и побарал дополнителна сума, при што фрлил тврд предмет кон неа.
Полициски службеници од Полициската станица Тетово го лишиле од слобода К.Б. (36) во 7:15 часот на улицата „Маршал Тито“ во Тетово.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Гостивар.








