Киев ги отфрли руските тврдења дека го освоиле источниот град Доброполија

Макфакс

17/10/2026

13:40

187

Големина на фонт

а а а

Киев отфрли тврдења од Москва дека руската војска го зазела источниот град Доброполија, нагласувајќи дека украинските сили сеуште го контролираат градот. Москва пак тврди дека има контрола врз дополнителни населени места, но овие информации не се независно потврдени.

Украинските сили и натаму имаат контрола врз источниот град Доброполија, соопшти Киев, отфрлајќи ги тврдењата на Москва дека руската војска го зазела градот.

Руското Министерство за одбрана претходно денеска објави дека неговите сили презеле контрола врз уште осум украински населени места, пренесе новинската агенција Интерфакс.

Сепак, портпаролот на Генералштабот на украинската војска, Андриј Ковалиов, во писмена изјава испратена до „Ројтерс“ ги отфрли руските тврдења за освојувањето на Доброполија.

Градот се наоѓа југозападно од клучните центри Краматорск и Словјанск и веќе подолго време е изложен на континуирани руски напади.

Тврдењата на двете страни за контролата врз градот засега не се независно потврдени.