Маж од Кичево реновирал покрив на куќа и пронашол мина од Втората светска војна

Макфакс

16/10/2026

13:00

175

Големина на фонт

а а а

Маж од Кичево додека извршувал работи на покривот на куќа пронашол противпешадиска мина од Втората светска војна, која била безбедно отстранета од пиротехничар.

Четириесет и шестгодишен маж од Кичево пронашол експлозивна направа додека извршувал градежни работи на покривот на семејна куќа.

Во полицискиот билтен стои дека А.С. (46) ја пронашол направата во таванскиот простор при изведување градежни активности на покривната конструкција.

На местото интервенирал пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување, кој безбедно ја подигнал експлозивната направа и утврдил дека станува збор за противпешадиска распрскувачка потезна мина од Втората светска војна.