Мобилниот тим Task force при ОВР Кавадарци пронајде дрога и уапси 20-годишник

Макфакс

16/10/2026

11:00

228

Големина на фонт

а а а

Мобилниот тим "Task force" при ОВР Кавадарци уапси 20-годишник поради пронаоѓање и одземање на марихуана, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 23:45 часот во Кавадарци, полициски службеници од мобилниот тим „Task force“ при ОВР Кавадарци го лишија од слобода 20-годишниот С.Ј. од Кавадарци, затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.