Мексиканец ги сокрил змиите и гуштерите во чорапи и шишиња од шампон, откриен на аеродром

Макфакс

15/10/2026

19:00

262

Големина на фонт

а а а

На аеродромот Келн-Бон во Германија е откриена голема количина на отровни змии и гуштери во багажот на мексикански гражданин кој се обидел нелегално да ги внесе во земјата. Царинските службеници откриле 37 отровни змии и 55 гуштери скриени во шишиња од шампон и завиткани во чорапи.

Царински службеници откриваат голема количина на змии и гуштери

Царинските службеници на аеродромот Келн-Бон во Германија откриле 92 змии и гуштери во багажот на 45-годишен пожарникар од Мексико, кој се обидел нелегално да ги внесе во земјата, пренесува Би-би-си.

Мажот привлекол внимание бидејќи бил видно нервозен додека минувал низ зелениот коридор, наменет за патници кои немаат стока за пријавување. Откако тестот за дрога покажал позитивен резултат на кокаин, цариниците го прегледале неговиот куфер.

Наместо дрога, во шишиња од шампони и креми, пластични садови и завиткани чорапи откриле 37 отровни змии и 55 гуштери, меѓу кои имало и игуани и ѕвечарки.

„Моите колеги се навикнати на секакви сувенири во куферите, но никогаш не сме имале случј со 37 живи отровни змии и 55 гуштери од Мексико“, изјави портпаролот на царината во Келн, Јенс Аланд.

Според него, дел од животните биле чувани во нехумани услови, а некои угинале за време на патувањето од Мексико Сити преку Истанбул.

Мажот тврдел дека животните ги пренесувал како услуга за познаник од Бразил. Германските власти му забраниле влез во земјата и го вратиле со лет за Истанбул, додека преживеаните животни биле згрижени на фарма за змии во Германија.