Со исклучок на утре, од денеска до вторник стабилно време без дожд

Нетпрес

15/10/2026

06:48

1.522

Големина на фонт

а а а

Од утре до првата половина на следната седмица, ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој ќе биде поизразен долж Повардарието

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието, прогнозира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Ќе дува засилен до силен ветер од северозападен правец.

Следува период на променливо облачно и стабилно време, со исклучок на утрешниот ден, кога ќе има слаби локални врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе бидат од слаб снег, вели УХМР.

Од утре до првата половина на следната седмица, ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.