Утре дожд и засилен северен ветер, на планините се очекува и снег

Макфакс

15/10/2026

17:53

185

Големина на фонт

а а а

Времето утре ќе биде променливо облачно со дожд и засилен северен ветер, а на повисоките планини се очекува и слаб снег. Во следните денови ќе преовладува сончево и стабилно време.

Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На некои од повисоките планини врнежите ќе преминат во слаб снег.

Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Во деновите од викендот и во почетокот на новата седмица ќе преовладува сончево и стабилно време со променлива облачност во текот на денот.