Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја истакнува гордоста поради признанијата од ФБИ за македонската полиција и нагласува дека таа има оперативен капацитет да биде рамноправен и доверлив партнер во борбата против транснационалниот сајбер-криминал.
„Кога резултатите од работата на македонската полиција добиваат јавно признание од ФБИ, тоа е потврда дека посветеноста, професионалноста и меѓународната соработка даваат конкретни резултати“, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
„Успешното апсење на администраторот на криминалната платформа OLVX, реализирано во соработка со ФБИ, покажува дека македонската полиција има оперативен капацитет да биде рамноправен и доверлив партнер во борбата против транснационалниот сајбер-криминал.
Особено сум горд на нашите полициски службеници, чија стручност и посветеност стојат зад овој успех.
Ова признание е за нив. А наша обврска е да продолжиме да ги зајакнуваме капацитетите на македонската полиција и да ја оправдуваме довербата на нашите меѓународни партнери“, додава Тошковски.








