[ВИДЕО] Санкциониран возачот кој дрифташе во Штип, а снимката беше споделена на социјалните мрежи

Макфакс

15/10/2026

10:50

203

Големина на фонт

а а а

Во Штип е санкциониран млад возач кој управувал со возило и предизвикувал пролизгување на патот, односно дрифтал без регистарски таблички и пред да има право на управување. Случајот е документиран и ќе следи пријава.

По преземени мерки и активности, а во врска со видео објавено на 12.10.2026 на социјални мрежи, на 14.10.2026 во Штип, полициски службеници од СВР Штип го пронајдоа и извршија службен разговор со 22-годишниот С.К. од Штип.

Имено, на објавеното видео се гледа како тој управува патничко возило „опел“ без регистарски ознаки, на начин со кој намерно предизвикува пролизгување на возилото, односно како „дрифта“ со возилото. Притоа, било утврдено дека тој го управувал возилото пред да се стекне со право на управување.

Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против С.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.