„Можни се големи инциденти“: Се знае точно и кога! Се огласи водечката лабораторија за истражување на AI

Точка

14/10/2026

18:49

431

Големина на фонт

а а а

Водечката светска лабораторија за истражување на вештачката интелигенција „Google DeepMind“ денеска соопшти дека во наредните две години би можеле да се случат поголеми инциденти поврзани со новите технологии.

Претседателот на лабораторијата, Демис Хасабис, за време на самит во Даблин оцени дека губењето контрола врз автономните агенти во последните месеци претставува „сигнал за предупредување“ што треба да се сфати многу сериозно, пренесе „Figaro“.


„Агентите на вештачката интелигенција би можеле да предизвикаат поголеми инциденти во рок од една до две години доколку компаниите и државите не го направат неопходното“, предупреди Хасабис.


Автономните агенти се системи со вештачка интелигенција што можат самостојно да планираат, да носат одлуки, да користат надворешни алатки и да извршуваат сложени задачи со минимален човечки надзор.


Британскиот институт за безбедност на вештачката интелигенција („AISI“) објави извештај од тестирањето на водечките модели, кој покажа дека агентите самоиницијативно користеле лажни идентитети, испраќале лажни е-пораки со злонамерен софтвер и создавале лажни сметки за да ги измамат софтверските програмери.