Авион од Франкфурт до Делхи испратил сигнал за можно киднапирање, бил пренасочен

Макфакс

14/10/2026

11:50

211

Големина на фонт

а а а

Авионот на Ер Индија што летал од Франкфурт до Делхи денес испратил сигнал за можно киднапирање користејќи транспондерски код 7500, по што бил пренасочен кон Џајпур каде што безбедно слетал. Истрагата за причината е во тек, а сличен случај се случил и со авион од Крф до Нирнберг.

Авионот на Ер Индија на лет од Франкфурт до Делхи денес бил пренасочен кон Џајпур откако го испратил транспондерскиот код 7500. Овој код се користи како сигнал за можно кидапирање или друго нелегално мешање во леталото. Авионот слета безбедно, а сите 306 патници се безбедни.

По слетувањето во Џајпур, град во индиската држава Раџастан, авионот бил преместен на посебна локација за безбедносна проверка. Патниците излегле од него под надзор на службите и биле однесени на терминалот.

Шефот на аеродромот, Чаран Синг, изјави дека прелиминарните информации сугерираат дека пилотот можеби го активирал сигналот по грешка. Истрагата е во тек, па причината сè уште не е потврдена.

Вчера, авион што летал од Крф до Нирнберг емитувал ист код додека минувал низ хрватскиот воздушен простор. Хрватски „Рафал“ го пресретнал „Боингот“ и го следел сè додека не го напуштил хрватскиот воздушен простор. Потоа германските борбени авиони го следеле до Нирнберг.

Од авионот како причина навеле краток дефект на радиокомуникацискиот систем.