Во земјава е пријавен уште еден смртен случај од западнонилска треска, што ја зголемува вкупната бројка на жртви на 11. Од почетокот на годинава се регистрирани 71 случај, од кои повеќето пациенти се излечени.
Уште едно лице почина од западнонилска треска, со што вкупната бројка на смртни случаи се искачи на 11, според информациите објавени на сајтот што ја следи состојбата со вирусот во земјава.

Од почетокот на 2026 година во земјава се регистрирани вкупно 71 случај на западнонилска треска.
Од нив 58 се оздравени, а двајца се уште се хоспитализирани.
Нема регистрирано нови случаи во последната недела.








