Снимката од интервјуто по натпреварот на чешкиот второлигаш Усти над Лабем привлече големо внимание на социјалните мрежи, и тоа не само поради резултатот од натпреварот. Корисниците особено го коментираа разговорот меѓу тренерот Давид Оулехла и водителката Сабина Јакшова.
Се обидувал да се сосредоточи
Најголемо внимание привлече кадарот во кој камерата била насочена кон деколтето на водителката. Додека 43-годишниот Оулехла одговарал на прашањата, се обидувал да го задржи сериозниот израз на лицето и да се сосредоточи на разговорот, што не им избегало на гледачите.
Интервјуто било одржано по натпреварот во кој Усти над Лабем претрпе пораз. Во 10-то коло од втората чешка лига, тимот на домашен терен загуби од Опава со резултат 3:2.
„Не ти било лесно“
„Ми се допаѓа како гледа насекаде, само не во неа“, „Еден, еден, тест, тест... “, „Ееееееее... не ти било лесно, јас ќе погледнев, па што биде, нека биде!“, „Не смее да ја гледа“ и „Најважниот натпревар во животот“ се само некои од коментарите под виралното видео.






