Манчестер Сити беше прогласен за виновен за прекршување на финансиските правила во Премиер лигата, одлука која јја донесе независно тело, одлука која „граѓаните“ не ја профатија и вложија желба затоа што сметаат дека се чисти и не направиле никаква грешка за спорниот период од 2009 до 2018 година.
Ова е процес кој дефинитивно ќе потрае додека се не се расчисти и стане конечно, но откако беше донесена и објавена одлуката најголемиот дел од јавноста бара казна/казни за клубот од „Итихад“.
Во јавноста се огласуваат и познати фудбалски имиња кои говорат отворено, а сега редот му дојде и на Питер Шмајхел кој токму во Сити ја заврши кариерата.
-Секако дека треба да ги задржите во Премиер лигата. Но, за секоја година што се во Премиер лигата, во следните пет години, тие започнуваат со -25 поени. Тоа ќе биде потсетник за сите други дека кога мамите во Премиер лигата, и ако ги измамите сите други клубови, тоа е тешко.
-Мислам дека ова е важно: забрана за трансфери во траење од пет години и голема парична казна. И потоа мислам дека сопствениците треба да бидат принудени да го продадат клубот. Не мислам дека се способни да го водат овој фудбалски клуб и не се способни да водат фудбалски клуб во Англија. Исто така, мислам дека треба да се изречат забрани за сите што биле вклучени во ова. Тие не можат да работат во фудбалот, -смета Данецот за кого не е важно дали титулите ќе им останат или ќе им бидат одземени.







