Започна поставувањето на новите садови за одлагање на комунален отпад

Макфакс

13/10/2026

11:10

248

Големина на фонт

а а а

ЈП Комунална хигиена-Скопје започна со поставувањето на новонабавените садови наменети за одлагање на комуналниот отпад.

Досега е извршена замена на приближно двесте контејнери, додека активностите за поставување на новите садови ќе продолжат и во текот на неделава, велат од ЈП Комунална хигиена-Скопје.

Воедно, во текот на изминатата недела, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстранија 880 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнат во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 205 кубни метри отпад од диви депонии, извести ЈП Комунална хигиена-Скопје.

Во истиот период, беа подигнати и транспортирани 3300 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје, додаваат од ЈП Комунална хигиена-Скопје.