Манасиевски: Филипче сака да стане партизан откако со Заев ги избришаа одлуките на АСНОМ од Уставот

Макфакс

13/10/2026

12:00

190

Големина на фонт

а а а

Валентин Манасиевски ја критикуваше Владата и Филипче поради бришењето на одлуките на АСНОМ од Уставот и обвинија за потценување и негирање на македонскиот идентитет, јазик и култура од страна на бугарските власти.

Манасиевски: Филипче сака да стане партизан откако со Заев ги избришаа одлуките на АСНОМ од Уставот

Филипче сака да стане партизан откако со Заев ги избришаа одлуките на АСНОМ од Уставот. Филипче сака да стане партизан, откако со Заев им дозволија на Бугарите да не потценуваат и да ни го негираат идентитетот, јазикот и културата, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче сака да стане партизан, додаде тој, откако јасно со Заев подвлекоа дека бугарските фашисти во Втората светска војна биле администратори и ослободители.

„Филипче треба да одговори зошто маршираа во Прилеп, кога ги избришаа одлуките на АСНОМ од Уставот? Дали Филипче ги знае целите на оние кои ги положија животите во Втората светска војна? И конечно да одговори, дали Бугарите во Втората светска војна биле фашисти или ослободители? Филипче, јасно ти порачуваме да не си играш со македонскиот народ. Граѓаните не ти забораваат што направи со Заев додека беше на власт“, рече Манасиевски.