Дојава за бомба на летот од Њујорк кон Израел, патниците евакуирани

Макфакс

13/10/2026

09:30

213

Големина на фонт

а а а

Патниците на летот од Њујорк кон Тел Авив се евакуирани по дојава за бомба, но по детална проверка не е пронајдена опасност, а инцидентот е завршен без проблеми.

Патниците на летот на „Делта ерлајнс“ (Delta Air Lines) од Њујорк кон Тел Авив беа евакуирани утринава по слетувањето на израелскиот аеродром „Бен Гурион“, откако беше упатена анонимна закана со бомба.

Според заканата, наводно во авионот имало експлозивна направа, што довело до итно спроведување на безбедносни процедури. Патниците биле евакуирани во терминалната зграда, а авионот бил преместен на оддалечен дел од аеродромот за безбедносните служби да можат да извршат темелна проверка.

Израелските власти изјавија дека немало непосредна опасност за патниците. При проверката на авионот не било пронајдено ништо сомнително.

„Џерусалим пост“ објави дека првичните проценки укажувале на лажна закана со бомба.

Безбедносните служби потоа извршиле детална проверка на авионот, но не пронашле ништо сомнително.

„Инцидентот заврши без необични наоди. Операциите се вратени во нормала“, соопшти Управата за аеродроми на Израел.