Претрес во Струмица, пронајдена дрога: уапсен 48-годишник

Макфакс

13/10/2026

10:40

200

Големина на фонт

а а а

Во Струмица е извршен претрес во домот на 48-годишникот Љ.Ѓ., при што биле пронајдени пакувања со хероин и кокаин, како и други предмети. Лицето е уапсено и задржано во полициска станица, а случајот е во фаза на документирање со известување на јавниот обвинител.

Вчера во 22:10 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода 48-годишниот Љ.Ѓ. од Струмица.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, како и при личен претрес на Љ.Ѓ., биле пронајдени и одземени пакувања со хероин и кокаин, две дигитални ваги и други предмети со остатоци од прашкаста материја.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.