Масовна тепачка во двор во куќа во село Баница: повредените пренесени во Медицински центар Струмица

Макфакс

12/10/2026

14:00

197

Големина на фонт

а а а

Во село Баница се случи масовна тепачка во дворот на куќа, при што неколку лица беа повредени и пренесени во Медицинскиот центар во Струмица. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во СВР Струмица е пријавено дека во 22:30 часот во дворно место на куќа во село Баница, струмичко, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М. и К.М. од една страна и П.С., М.С., Т.С., С.С., С.С. и С.С., од друга страна, сите од село Баница, во која со различни предмети си нанеле повреди по главата и телото.

Повредените биле пренесени во Медицински центар Струмица, каде кај лицата Р.М., К.М., Т.С. и М.С. биле констатирани тешки телесни повреди.

Предметите кои ги користеле при пресметката се пронајдени и одземени. За настанот е известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.