Марш „Непокор.Борба.Иднина“ на СДСМ утре во Прилеп – 85 години антифашизам

Макфакс

09/10/2026

19:03

225

Големина на фонт

а а а

СДСМ ќе одржи марш во Прилеп на 10 октомври 2026 година по повод 85-годишнината од почетокот на Народноослободителната и антифашистичка борба, одбележувајќи го Денот на народното востание на 11 Октомври.

По повод 11 Октомври – Денот на народното востание и 85-годишнината од почетокот на Народноослободителната и антифашистичката борба на македонскиот народ и другите националности, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утре, сабота, 10 октомври 2026 година, во Прилеп ќе одржи марш под слоганот „Непокор.Борба.Иднина“.

Маршот ќе започне во 11:30 часот од Паркот на револуцијата. Могилата на непобедените, а ќе заврши пред Меморијалниот музеј „11 Октомври 1941“ – Участакот во Прилеп, каде што ќе се обрати претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.