Русија погоди два автобуса со патници! Масакр во Краматорск, 30 мртви: Морничави глетки, гаѓале постојка за јавен превоз, едно возило целосно изгорело

Точка

08/10/2026

20:03

561

Големина на фонт

а а а

Во руски напад врз постојка за јавен превоз и два автобуса во Краматорск, во Доњецката област, загинале 30 луѓе, додека 18 се повредени, соопшти денеска регионалното обвинителство.

Доњецкото регионално обвинителство наведе дека руските сили околу 10 часот по локално време извршиле напад врз два автобуса, при што, според првичните информации, загинале 12 лица, а 14 биле повредени.

Според „Ukrinform“, Градскиот совет на Краматорск објавил на „Telegram“: „Руските сили погодија патнички автобус во Краматорск. Возилото превезуваше патници во моментот на нападот“, се наведува во соопштението.

Реагирајќи на нападот, гувернерот на регионот Вадим Филашкин го запре јавниот превоз, предупредувајќи дека тој е „атрактивна цел“ за Русија, со оглед на тоа што „еден напад може да убие најголем број луѓе“.

„Русија свесно ги занемарува сите можни правила на војување и норми на меѓународното хуманитарно право. Таа избира цели каде што може да им нанесе најголемо страдање на цивилите“, предупреди тој.

„Во овие околности немаме право да ги ризикуваме животите на патниците и возачите. Безбедноста на жителите на Краматорск и Словјанск е најважна“, додаде тој.

„Русите повторно нападнаа место на кое, сосема сигурно, нема никаква воена цел, автобус, цивилен превоз и луѓе кои едноставно патувале по своја работа“, се наведува во соопштението на градската управа.

Зеленски: Русите нападнале со авионска бомба

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно рече дека целта на нападот била „обична станица за јавен превоз“.

Тој изјави дека руските сили извршиле напад со авионска бомба врз постојката за јавен превоз во градот.