Шасивари – Ѓурлек: Зајакнување на соработката меѓу Северна Македонија и Турција во областа на правдата

Макфакс

08/10/2026

19:10

180

Големина на фонт

а а а

На Меѓународниот самит за правда во Истанбул беше реализирана билатерална средба помеѓу министерот за правда на Северна Македонија, Јетон Шасивари, и неговиот турски колега Акин Ѓурлек, со цел зајакнување на соработката во правосудството и унапредување на институционалниот дијалог меѓу двете земји.

На маргините на Меѓународниот самит за правда во Истанбул, министерот за правда Јетон Шасивари оствари билатерална средба со својот турски колега, министерот за правда на Република Турција, Акин Ѓурлек, кој е домаќин на самитот.

Средбата претставуваше можност за размена на мислења за актуелните предизвици во правосудството, реформските процеси и перспективите за натамошно унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји.

„Посебно внимание беше посветено на значењето на институционалниот дијалог, размената на искуства и добри практики, како и на улогата на меѓународната соработка во зајакнувањето на владеењето на правото и ефикасноста на правосудните системи“, соопштија од Министерството.

Министерот Шасивари ја истакнал важноста на партнерските односи со Република Турција и подготвеноста за продолжување на соработката во областите од заеднички интерес.

Средбата се одржа во рамките на учеството на министерот Шасивари на Меѓународниот самит за правда, кој обединува министри за правда и високи претставници од повеќе земји, со цел размена на искуства и унапредување на меѓународната правосудна соработка.