Удирал по возилото и се обидел да ја отвори вратата: сообраќајна расправија во скопски Центар

Макфакс

08/10/2026

13:50

335

Големина на фонт

а а а

Во Скопје се пријави инцидент во сообраќајот каде едно лице агресивно се однесувало и удирало по возило, додека се обидело да ја отвори вратата на друго возило. Случајот е во постапка на расчистување.

Во СВР Скопје вчера во 10:30 часот Т.Д.(20) од Скопје пријавил дека на 06.10.2026 околу 17:30 часот на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, едно лице агресивно се однесувало кон него.

Лицето според пријавеното се обидело да му ја отвори вратата и удирало по неговото возило.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.