Скопјанец пријавил разбојништво откако женско лице го нападнало и му одзело пари

Макфакс

08/10/2026

13:50

220

Големина на фонт

а а а

Во Скопје е пријавено разбојништво кога женско лице употребило физичка сила и одзело пари од маж, а потоа друго лице му се заканило со остар предмет. Полицијата работи на расчистување на случајот.

Скопјанец пријавил разбојништво откако женско лице го нападнало и му одзело пари.

Имено синоќа во 21:00 часот во СВР Скопје, И.М.(25) од Скопје пријавил дека околу 19:00 часот на кеј „Димитар Влахов“, едно женско лице со употреба на физичка сила му одзело пари, а потоа едно машко лице му се заканило со остар предмет.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.