24-годишна скопјанка претепана од партнерот: ѝ нанел и расекотини

Макфакс

08/10/2026

13:40

258

Големина на фонт

а а а

Во Скопје, 24-годишна жена беше физички нападната од нејзиниот партнер во домот на Кисела Вода, при што и биле нанесени расекотини со остар предмет. Случајот е во процедура на расчистување од страна на полицијата.

Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, 24-годишна жена пријавила дека на 04.10.2026 околу 18:00 часот во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот партнер Д.Ј..

Тој според полицијата потоа со остар предмет ѝ нанел расекотини.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.