[ВИДЕО] Највпечатливиот македонски фитнес-пар кој живее во Дубаи откри дека ги чека најубавото поглавје во животот: „Утре да дознаам дека си бремена ќе бидам најсреќен човек на свет“

Кармин

07/10/2026

10:42

1.141

Големина на фонт

а а а

Македонските фитнес тренери, кои веќе извесен период живеат и работат во Дубаи, ја споделија среќната вест со своите следбеници на социјалните мрежи, и тоа на особено емотивен и симпатичен начин.

Парот објави кратко видео на Инстаграм со кое откри дека нивното семејство наскоро ќе стане побогато за уште еден член. Снимката започнува со Софија и Марио на плажа во Дубаи, а потоа следуваат кадри од нивниот подкаст, во кој двајцата често отворено разговараат за животот, љубовта, заедничките планови и личните предизвици.

Токму во тој контекст, видеото добива уште поголемо значење, бидејќи пред неколку месеци Софија и Марио во својот подкаст зборуваа за едно од најважните животни прашања – дали се подготвени да станат родители.

Марио во поткастот вели: „Да дознаам утре дека си бремена ќе бидам најсреќен човек на свет“, а потоа Софија дополнува: „Дефинитивно да се остварам во улога на мајка и да имаме фамилија.“

Тогаш темата за дете беше дел од нивниот искрен разговор за иднината и за тоа како ја замислуваат нивната заедничка животна приказна. Денес, неколку месеци подоцна, нивниот разговор доби и најубав можен епилог – двајцата ќе станат родители.

Со објавата тие на суптилен начин ја споделија радосната новост, оставајќи им на следбениците да ја почувствуваат емоцијата од моментот. Наместо големи најави, избраа едноставно видео кое ја раскажува нивната приказна и го открива новото поглавје што им претстои.


„Најголемото поглавје од нашите животи започнува сега“, напишаа во описот.

Инаку, Софија и Марио веќе подолг период ја градат својата заедничка кариера во фитнес-светот, а нивниот живот во Дубаи често го споделуваат со публиката преку фотографии и видеа од секојдневието, тренинзите, патувањата и заедничките активности.


Сега, сепак, пред нив е една сосема поинаква животна улога. Од фитнес тренери и партнери, наскоро ќе се најдат и во улогата на мама и тато, а судејќи според реакциите на нивните следбеници, убавата вест предизвика голема радост и бројни честитки.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk