Новак Ѓоковиќ веќе ја тера 40. година од неговиот живот, но се уште може да игра на највисоко ниво, да победува на големата сцена и потврда за тоа е и настапот во АТП турнирот во Пекинг.
Тој е на чекор од освојување на пехарот и продолжување на неверојатната серија на турнирот, поточно последната пречка доо титулата е Алекс Де Минор од Австралија.
Ваквите настапи му даваат и самодоверба, па Новак храбро изјави дека без проблеми би можел да настапи на Олимпиките Игри во Лос Анџелес под услов да ги реши здравствените проблеми.
-Играчки, не ми изгледа далеку (ЛА). Во последните неколку години многу пати докажав дека – кога сум здрав – можам да ги победам најдобрите играчи во светот. Го докажувам тоа повторно оваа недела.
-Затоа не сум загрижен за мојата игра или за мојата ментална состојба. Ме загрижуваат само овие здравствени проблеми за кои се обидувам да ја утврдам причината. Кога целосно ќе ги решам, се надевам наскоро, тогаш не гледам пречка за да стигнам до Лос Анџелес, -порача Србинот.







