Општина Кисела Вода: Се реконструираат улицата Иван Хаџиниколов со краци и улицата Герника во Драчево

Макфакс

06/10/2026

11:34

149

Големина на фонт

а а а

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска го презентира стартот на реконструкцијата на улиците Иван Хаџиниколов и Герника во Општина Кисела Вода, проект со цел санација и подобрување на сообраќајната мрежа и инфраструктура.

Утрово, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска изврши увид во градежните активности за реконструкција на улицата „Иван Хаџиниколов“ со сите нејзини краци, како и на улицата „Герника“ во населбата Драчево.

Проектот опфаќа целосна санација и асфалтирање на вкупно 1,9 километри сообраќајна мрежа, со што се решаваат долгогодишните потреби на жителите од овој дел на општината и се обезбедува побезбеден сообраќај за сите учесници.

Оваа инвестиција се реализира во рамките на Проектите фаза 2 од Унгарскиот кредит, преку Владата на Република Македонија и договорот склучен со Министерството за транспорт, што претставува значаен чекор во инфраструктурниот развој на општината.

-Утрово извршив увид во тековните градежни работи за реконструкција на улицата “Иван Хаџиниколов” со нејзините краци и улицата “Герника” во Драчево, во вкупна должина од 1,9 километри. Средствата за овој крупен градежен зафат се обезбедени од Владата на РМ преку унгарскиот кредит, а истиот се спроведува преку Министерството за транспорт.
Овој зафат е најдобар показател за придобивките што ги добиваат граѓаните кога институциите работат во вистинска синергија. Преку заедничката координација и одличната соработка успеваме да реализираме важни проекти што директно го подобруваат секојдневието на нашите сограѓани. Продолжуваме посветено да работиме , затоа што нашите жители заслужуваат модерна инфраструктура и безбедни услови за живот-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.