Заменик-министерката за европски прашања на конференција во Белград на покана од првата дама на Србија

Макфакс

06/10/2026

11:34

174

Големина на фонт

а а а

Заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков учествуваше на конференцијата RISE 2026 во Белград на покана од првата дама на Србија каде зборуваше за женското лидерство и регионалното поврзување.

Заменик министерката за европски прашања, Викторија Трајков, учествува на Belgrade Women’s Conference „RISE 2026“, која се одржува на 6 и 7 октомври во Белград.

Заменик-министерката ќе се обрати на панел посветен на женското лидерство, регионалното поврзување и создавањето можности за идните генерации.

„Нејзиното учество е уште една можност за афирмирање на позициите на Македонија и за размена на искуства и идеи со лидерки и претставници од регионот и пошироко“, велат од Министерството.

Настанот е организиран од првата дама на Република Србија, Тамара Вучиќ.