Гаши на средба со неговите претходници: формиран совет на поранешни претседатели на Собранието

Макфакс

05/10/2026

16:30

160

Големина на фонт

а а а

Африм Гаши ја формираше Комисија од поранешни претседатели на Собранието со цел советување и поддршка на институционалниот континуитет и унапредување на демократските процеси во парламентот.

Гаши на средба со неговите претходници: формиран совет на поранешни претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешната трета средба со поранешните претседатели на Собранието, Тито Петковски, Никола Поповски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески, ја потпиша Одлуката за формирање на Совет на поранешни претседатели на Собранието на Република Северна Македонија.

„За идејата, односно целта за донесувањето на одлуката претседателите на Собранието беа известени на претходните две средби, одржани на 21 октомври 2025 година и на 7 април 2026 година. Имено, целта за формирањето на Советот, како неформално советодавно и консултативно тело, е обезбедување континуитет на институционалната меморија на Собранието; унапредување на парламентарната практика и демократскиот развој и давање стручни и советодавни мислења за прашања од значење за работата на Собранието“, соопшти собраниската прес – служба.

Покрај ова, на средбата биле разменети мислења за одделни процедурални прашања во работењето на Собранието, прашања што се однесуваат на дигитализацијата на работењето на Собранието во рамките на Националната стратегија за дигитализација, идејата за Библиотека на Собранието и за други актуелни прашања од интерес на работењето на Собранието и прашања од интерес на државата.