Го изгубил домот и останал во долгови, а потоа почнал да пребарува по контејнери: Денес има шестцифрена заработка

Точка

05/10/2026

15:04

1.507

Големина на фонт

а а а

Пред само две години бил во долгови и без покрив над главата. Денес остварува шестцифрени приходи така што пронаоѓа и препродава предмети што другите луѓе ги фрлиле.

Во контејнери, покрај згради, хотели и магацини, 31-годишниот Картер Стивенс од Нешвил пронаоѓа предмети за кои верува дека сè уште имаат вредност – од луксузна облека и електроника до вреден мебел.

Пораснал во богато семејство

Меѓу работите што досега ги пронашол имало чанта „Gucci“, патики „BAPE“ и кошула „Louis Vuitton“, но и телевизори и целосно нова облека.

За него, она што другите го сметаат за „отпад“ станало извор на приходи. Меѓутоа, пред само две години неговиот живот изгледал сосема поинаку, пренесува „Observator News“.

Картер пораснал во богато семејство. Неговиот татко Крис Стивенс е успешен музички продуцент и добитник на пет „Grammy“ награди. Уште од детството, Картер го привлекувале облеката, автомобилите и скапите предмети. Подоцна токму таа желба постојано да купува нови работи почнала да му создава проблеми.

Купил сандали „Christian Dior Birkenstock“ за 1.200 долари, приколка за 10.000 долари, како и „Mercedes-AMG“ за кој, заедно со осигурувањето, плаќал околу 3.100 долари месечно.

Во периодот кога трошел најмногу, неговите месечни расходи надминувале 15.000 долари.

Истовремено имал проблеми и со дрогата. Во 2021 година поминал една недела во центар за одвикнување и успеал да престане да консумира наркотици, но зависноста од купување не исчезнала.

Почнал со половни столици

Кога неговиот бизнис со продажба на „винтиџ“ облека почнал да слабее, долговите продолжиле да растат.

Извесно време спиел во магацински простор, а потоа три недели живеел во автомобил „Nissan Sentra“.

Пресвртот дошол едно попладне кога Картер покрај контејнер забележал десетици канцелариски столици. Еден вработен му кажал дека столиците ѝ припаѓале на компанија која го затворала своето седиште и дека наскоро ќе бидат исфрлени уште.

Картер го проверил производителот на интернет и открил дека столиците од брендот „Steelcase“ се продаваат за стотици долари по парче. Се вратил со приколка и однел дури 190 парчиња.

За само шест недели успеал да продаде 150 од нив на компании кои се занимаваат со ликвидација на стока. Профитот достигнал 17.000 долари. Со тие пари ги отплатил долговите на кредитните картички и ги вратил парите што ги позајмил од роднини.

Од тој момент неговиот бизнис почнал нагло да се шири. Хотелите, магацините и трговските центри станале негов „пазар“. Картер почнал да пронаоѓа предмети во магацини, хотели, станбени згради и трговски центри.

@cartier.63 #dumpsterdiving ♬ Coffee And Jazz - Rei Maki

Не е сè вредно пари

Дури почнал да објавува огласи во кои нудел услуги за отстранување непотребни предмети. Пронаоѓал софи, канцелариски маси со прилагодлива висина, индустриски светилки и „iPad“ уреди.

Само шест недели подоцна, неговата онлајн продажба достигнала 30.000 долари.

Сепак, не е сè што ќе пронајде вредно пари.

Еден фустан „Simply Southern“, кој бил фрлен со сè уште прикачена етикета и чија првична цена изнесувала 59,99 долари, се покажал речиси невозможно да се продаде. Причината била едноставна – на интернет имало премногу идентични модели.

Поради тоа, Картер почнал повнимателно да избира што ќе земе и да не троши време на секој предмет што ќе го пронајде.

За само две години Картер го поминал патот од живот без сопствен дом и со големи долгови до шестцифрени приходи од препродажба на работи што другите луѓе ги фрлиле.

Тоа искуство го променило и неговиот поглед кон прекумерното трошење кое своевремено го довело во проблеми. Предметите што некогаш ги купувал со кредитни картички сега биле истиот вид работи што ги пронаоѓал напуштени покрај контејнерите.


Таткото е горд на својот син

Истовремено, свесен е дека ваквите пронајдоци нема засекогаш да бидат извор на приходи. Затоа се обидува да пронајде нов правец за иднината и размислува за бизнис со недвижности.

На интернет следи туторијали за таканаречениот „wholesale real estate“ модел, во кој посредникот пронаоѓа сопственици кои сакаат да продадат недвижност и ги поврзува со инвеститори заинтересирани за купување.

Сепак, признава дека новиот бизнис е многу покомплициран отколку што изгледал на почетокот и дека ќе бара значително повеќе работа.

Во меѓувреме се обидува да ја држи под контрола и старата потреба за купување.

Откако почнал да заработува од предметите што другите ги фрлаат, купил три половни автомобили. Сепак, вели дека сега има едно правило – купува само работи за кои верува дека подоцна би можел да ги продаде и да заработи.

Неговиот татко Крис Стивенс признава дека го загрижуваат ризиците на кои неговиот син се изложува додека пребарува по контејнери. Картер може да наиде на игли, опасни супстанции, вооружени припадници на обезбедувањето, но и да се соочи со обвинувања за неовластено влегување на приватен имот.

Сепак, истакнува дека е горд на начинот на кој неговиот син успеал повторно да го изгради својот живот.