Запалил сува трева за да ја исчисти нивата: предизвикал пожар на околу 3000 метри квадратни

Макфакс

05/10/2026

12:30

152

Големина на фонт

а а а

Во Дебар вчера беше предизвикан пожар на нивата на В.М. додека чистел сува трева, при што огнот зафатил околу 3000 метри квадратни. На повредени лица нема, а против сторителот ќе биде поднесена пријава.

Во дебарското село Бомово вчера во 18:50 часот, полициски службеници од ОВР Дебар од слобода го лишија В.М.(40) од истото село.

Претходно било пријавено дека при чистење на неговата нивa во атарот на селото запалил поголема количина сувa трева, по што пожарот се проширил и зафатил површина од околу 3000 метри квадратни.

Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Дебар. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.