Две 14-годишни деца тешко повредени во тешка сообраќајка со три автомобили во Гостивар

Макфакс

04/10/2026

14:50

250

Големина на фонт

а а а

Две 14-годишни деца се тешко повредени во сообраќајна несреќа во Гостивар, во која учествувале три автомобили, а било оштетено и едно паркирано возило.

Според МВР, несреќата била пријавена синоќа во 22:10 часот, а се случила на раскрсницата на улиците „Кеј Вардар“ и „Тоде Богдановски“.

Во судирот учествувале „голф“ управуван од 18-годишниот Е.Р., друг „голф“ управуван од 19-годишниот Б.А. и „бмв“ управуван од 25-годишниот М.М., сите од Гостивар. Во несреќата било зафатено и паркирано возило „пасат“, сопственост на 54-годишниот Е.С.

Најтешко поминале двајцата 14-годишни сопатници. Откако им била укажана лекарска помош во Ургентниот центар во Гостивар, тие биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Со телесни повреди се здобиле и двајцата возачи на „голфовите“, Б.А. и Е.Р., како и сопатниците А.С. и Б.Л.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Гостивар.