Пјонгјанг го потврди лансирањето хиперсонична ракета со среден дострел

Нетпрес

04/10/2026

11:09

257

Големина на фонт

а а а

Северна Кореја истрела ракета со среден дострел како дел од воена вежба под надзор на водачот Ким Џонг-ун, а ракетата лансирана во саботата погоди цел 1.000 колометри во во морето од источниот брег, објави во неделата државната новинска агенција КЦНА.

Според КЦНА, целта на воената вежба е да се развие способноста на војската да користи хиперсонично оружје и да се процени нивната ефикасност како средство за одвраќање. Проектилот е истрелан кон Источното море во рамиките на обуката ја ракетните единици кои управуваат со „хиперсоничниот стратешки оружен систем“, наведува КЦНА.

Севернокорејските медиуми објавија фотографии од Ким како го надгледува лансирањето придружуван од ќерката Ју-ае и сопругата Ри Сол-ју.

Северна Кореја спроведе повеќе од десет ракетни тестови од почетокот на годината.


Влијателната сестра на севернокорејскиот лидер, Ким Јо-џонг изјави дека Јужна Кореја и Јапонија не успеале да ја следат ракетата, која се движела по брановидна траекторија. Според Ким Јо-џонг, ова ги открило ограничените технички способности на двете земји.

Јужнокорејската војска соопшти дека детектирала балистичка ракета истрелана од севернокорејска територија кон источниот брег на полуостровот и дека таа прелетала повеќе од 700 километри. Некои стручњаци проценија дека е можно да станува збор за хиперсонична балистичка ракета со среден дострел во западната номенклатура „Hwasong-16 Na“, повикувајќи се на извештаи од севернокорејските медиуми дека ракетата можеби ја променила траекторијата на мала надморска височина за време на летот.


Агенцијата KCNA го цитираше Ким Џонг-ун според кого Пјонгјанг треба да продолжи со напорите да ги натера своите непријатели да ја признаат „сигурноста и смртоносноста“ на стратешкото оружје на Северна Кореја. Севернокорејскиот лидер го повтори својот став дека развојот на арсенал за нуклеарно одвраќање останува од витално значење за националната безбедност.

Тензиите меѓу Пјонгјанг и Сеул ескалираа откако јужнокорејските војници беа повредени во експлозија на противпешадиска мина во демилитаризираната зона минатиот месец. Ким Јо-џонг возврати со остра изјава во петокот, отфрлајќи го извинувањето на Сеул за детонација на мина во демилитаризираната зона.

Сеул го обвини Пјонгјанг за инцидентот, во кој пет јужнокорејски војници беа сериозно повредени. Сестрата на Ким Џонг-ун ги нарече обвинувањата на Сеул „неосновани“ и рече дека Северна Кореја не поставила намерно мини за да ги загрози животите на јужнокорејските војници.

Северна Кореја го зголеми своето непријателство кон Јужна Кореја последните години по зајакнатата воена соработка со САД и зачестените големи воени американско-корејски воени маневри на кои им се приклучува често и Јапонија, сега отфрлувајќи го обединувањето како национална цел и нарекувајќи ја Јужна Кореја свој „главен непријател“.