На 2 октомври во Драчево е пронајден починат 60-годишен скопјанец, а смртта е констатирана од лекар на Итната медицинска помош. Телото е предадено на обдукција по насоки на јавен обвинител.
На 2 октомври во 14:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на Драчево бил пронајден починат 60-годишниот Г.С. од Скопје.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.








