Поранешниот ангел на Викторија Сикрет, Миранда Кер (43), повторно прошета по модната писта по речиси десет години пауза. Големото враќање се случи на Модната недела во Париз, на ревијата на Стела Макартни.
Атрактивната манекенка носела фустан од колекцијата пролет/лето 2027, во нежна зелена боја, составен од два дела. Горниот дел има нагласени раменици и отвори во пределот на половината, додека јазолот во средината, кај папокот, ги спојува горниот и долниот дел.
Фустанот паѓал до подот, а Миранда го комбинирала со едноставни сребрени сандали и соодветна чантичка, додека шминката и фризурата биле целосно природни и ненаметливи.


Освен Миранда, по модната писта прошетале и уште неколку ветеранки во светот на модата, меѓу кои Карли Клос (34) и Амбер Валета (52).

Славниот „ангел“ последен пат прошетала по модната писта во 2017 година, а ова е нејзина трета соработка со Стела Макартни.

По ова, се поставува прашањето дали ќе се појави и на претстојната, позната ревија на Викторија Сикрет. Ревијата е најавена за неколку недели, а Миранда последен пат прошета по модната писта во долната облека на брендот во 2013 година.