Утрата во наредните денови ведри и студени, преку денот сончево

Макфакс

30/09/2026

17:51

150

Големина на фонт

а а а

Прогноза за времето во наредните денови најавува ведри и студени утрини, додека преку денот ќе биде сончево со релативно топли температури и слаб до умерен северен ветер.

Времето утре, наутро ќе биде ведро и постудено, а преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 25 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на поле со висок воздушен притисок следува период на стабилно време. Утрата ќе бидат ведри и студени со ниски температури кои наместа ќе се спуштат под нула степени. Во текот на денот времето ќе биде сончево и релативно топло.