Ајкула залутала во јужнокорејско пристаниште; 600.000 луѓе дошле да ја видат

Макфакс

30/09/2026

11:10

190

Големина на фонт

а а а

Ајкула што залутала во јужнокорејското пристаниште во Бусан привлече најмалку 600.000 посетители во текот на две недели, станувајќи туристичка атракција. Властите се обидоа да ја спасат со операции, но досега без успех, а планираат нови чекори за нејзино изведување во отвореното море.

Ајкула што залутала во пристаништето на Бусан, голем пристанишен град во југоисточна Јужна Кореја, стана вистинска атракција. Градските власти проценуваат дека околу 600.000 луѓе дошле да ја видат во текот на изминатите две недели.

Ајкулата, долга околу 3,5 метри, првпат била забележана на 18 септември во тесен воден канал во рамките на Северното пристаниште на Бусан. Властите вчера се обидоа да спроведат операција за спасување откако ајкулата не успеа сама да најде пат назад кон отвореното море, но обидот беше неуспешен.