[ФОТО] Повеќе од 560.000 луѓе дошле да ја видат ајкулата заробена во канал: Денес се одлучува за нејзиното спасување

Точка

28/09/2026

18:19

662

Големина на фонт

а а а

Повеќе од 560.000 луѓе во текот на последните 10 дена посетиле парк на брегот во Бусан за да видат ајкула долга 3,5 метри, заробена во локален канал, соопштија денес градските власти.

Ајкулата првпат била забележана на 18 септември во тесен канал во Северното пристаниште во Бусан, а жителите ја нарекле „Буканг-и“, според името на Северното пристаниште и корејскиот суфикс „и“, пренесува „Yonhap“.


Според податоците на Инфраструктурната корпорација на Бусан, од 19 септември паркот го посетиле 568.800 луѓе, а интересот особено се зголемил за време на четиридневниот празник Чусеок.


Во тој период паркот го посетиле вкупно 483.000 луѓе, односно 101.000 во четвртокот, 136.000 во петокот, 140.000 во саботата и 106.000 во неделата.


Бројот на посетители за време на празникот бил околу 50 пати поголем од вообичаениот дневен просек од околу 2.000 луѓе.


Локалната поморска полиција и властите првично се обиделе да ја изведат ајкулата од каналот, но таа одбивала да го напушти, поради што операциите биле прекинати.


Бидејќи „Буканг-и“ останала заробена во каналот и по завршувањето на празникот Чусеок, надлежните власти денес треба да одржат состанок на кој ќе разговараат за плановите за нејзино спасување.