Тејана Тејлор била едно од имињата што се истакнале на годинашното доделување на музичките награди ВМА, а ден по настанот сè уште се зборува за нејзиниот впечатлив моден избор.
Актерката била само една од низата славни ѕвезди кои пристигнале на црвениот килим, а меѓу нив биле и Мадона, Тејлор Свифт, Сабрина Карпентер, Чарли Икс-Си-Икс и други, додека домаќин на вечерта бил Снуп Дог.

Актерката и музичарка (35) често се појавува на вакви настани и секогаш одново воодушевува со своите модни комбинации. Овој пат се решила за малку готски изглед, кој истовремено бил и гламурозен – се појавила во впечатлив и драматичен црн фустан од Зухаир Мурад, украсен со детали од тантела.

Фустанот се спуштал до подот, со длабоко деколте и детали од пердуви на долгите ракави и околу јаката. Иако бил долг и со долги ракави, фустанот истовремено бил проѕирен, па Тејлор ја покажала и својата затегната фигура.
Целиот изглед го надополнила со темна шминка, додека косата ѝ била стилизирана во две разбушавени пунџи.
На доделувањето имала и причина за славење, освојувајќи ја наградата за најдобра соработка за песната „Hard Part“ со Лаки Деј, а исто така врачила и една од наградите.

Таа и претходно освоила ВМА награда кога во 2017 година била наградена за најдобра кореографија за нејзината работа како главна ѕвезда и ко-кореограф на музичкиот спот за песната „Fade“ на Канје Вест.