Јирген Клоп доживеа таканаречена „грчка трагедија“ на вториот натпревар како селектор на Германија, натпревар на кој наместо да слави прва победа, мораше да се помири со прв пораз.
Ремито со Холандија остави измешани емоции кај голем дел од јавноста во Германија, па иако Клоп експериментира и прави селекција на играчи со повикани два тима, медиумите едноставно не прифаќаат мизерни изданија како она вчера во Аугзбург.
Грција се бранеше речиси во сите 90 минути, но успеа да профитира од една ситуација и со малку среќа да постигне гол, а тоа беше доволно за шок и победа на тешкото гостување.
Германија на овој начин продолжува со неубедливите игри и со новиот селектор, па иако Јирген бара трпение и да не се даваат погрешни насоки од медиумите, Бастијан Швајнштајгер во меѓувреме излезе со брутален заклучок.
– Ние веќе не сме врвна, топ репрезентација, туку само просечен тим. Веќе немаме фудбалери кои прават разлика, дури и Грците имаат играчи како Цолис, Карецас и Павлидис кои можат да направат разлика на теренот, – изјави Швајни.
Оваа изјава на некогашниот капитен брзо се најде во центарот на вниманието, па еден од новинарите му го нагласи овој заклучок и на Јозуа Кимих.
– Не е пријатно, но тешко е да не се согласам со тоа што го вели Швајнштајгер. Во овој момент сме далеку од врвен тим и врвна репрезентација, – изјави Кимих.








