Зидан пред битката со Белгија: Добивав многу удари од него како играч…

Дерби

28/09/2026

13:09

245

Големина на фонт

а а а

Нов ден, нови натпревари во Лигата на нации каде во прв план е сегментот А каде на програмата се две пресметки од групата еден.

Една од нив е Белгија-Франција, соочување закажано за Брисел, битка која доби интересна најава од предводникот на „триколорите“ Зинедин Зидан.

Зидан за ривал на другата страна ќе го има Марк Ван Бомел со кого водеа битки како играчи, па Французинот имаше што да каже за Холанѓанецот.

-Тој немаше баш ист стил на игра како мене, -истакна Зидан низ насмевка.

Добивав многу удари од него кога се соочувавме. Но, тој беше играч кој беше важен за тимот. Како тренер се обидува да остави свој печат на работите, -порачал францускиот селектор кој многу ја цени Белгија.

-Белгија одигра многу добро Светско првенство. Постои огромна количина на индивидуален квалитет во тимот. Де Брујне е Де Брујне. Белгија отсекогаш имала добри играчи на теренот. Како врвен спортист, обожавате да играте вакви врвни натпревари, -заклучи Зинедин.