Филипче: Им го откривме планот за распродажба – пет нови рудници и дата-центри за нивните финансиери

Макфакс

28/09/2026

06:45

277

Големина на фонт

а а а

Д-р Венко Филипче ја открија планот на Мицкоски и неговата Влада за распродажба на државата преку пет нови рудници и дата-центри, истакнувајќи дека овие политики не се во интерес на граѓаните туку на лични и туѓи интереси. Тој ги критикуваше криминалните тендери и проблемите со основните потреби на граѓаните како вода и високите трошоци за живот.

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на вчерашната промоција на програмата на Јовица Радевски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Брвеница, нагласи дека СДСМ го откри планот на Мицкоски и неговата Влада за распродажба на државата – пет нови рудници и дата-центри за нивните финансиери.

Филипче посочи дека власта на Мицкоски води политики што не се во интерес на граѓаните, туку се за нивни лични и туѓи интереси.

Криминал и нелегални тендери

„Криминални тендери врват на големо. Уште сакаат и да ја распродаваат земјата, водата, руда. Им го откривме планот. Пет нови рудници што сакаа на мали врата да ги протуркаат додека Мицкоски го нема. Антимон и дата-центри договорени за корист на неговите финансиери, не во корист на граѓаните. За лични и туѓи интереси, а не за интересите на народот“, рече Филипче.

Животните проблеми на граѓаните

Во обраќањето на трибината, Филипче додаде дека додека власта турка криминални планови, граѓаните се соочуваат со проблеми со основните потреби, безбедност на вода за пиење, високи трошоци за живот.

„Во 21 век чиста вода за пиење не можат да обезбедат. А не нешто повеќе. Над 5.000 граѓани во Гостивар беа отруени, во над 50 населени места во Македонија водата не беше исправна за пиење. Синдикалната кошница за четиричлено семејство во септември достигна 70.000 денари а со кирија и 90.000 денари. Три минимални плати не ја покриваат таа кошница. Двајца работат, а семејството повторно мора да крати од основните потреби“, рече Филипче.