Француски град забрани сушење алишта на прозори и балкони: облеката не смее да се гледа од улица

Макфакс

26/09/2026

20:10

172

Големина на фонт

а а а

Градот Тизи-ле-Бур во Франција воведе забрана за сушење алишта на прозори и балкони кои се видливи од улицата, како дел од напорите за подобрување на изгледот на градот и одговор на поплаките од локални бизниси. Одлуката предизвикува поделени реакции и предвидува парична казна за непочитување.

Сушењето алишта на прозорци и балкони е забрането во едно француско место во близина на Лион.

Одлуката ја донел градоначалникот на Тизи-ле-Бур, Реми Берту, од партијата Национално обединување.

Новото правило

, жителите не смеат да оставаат облека која е видлива од улицата. Мерката важи за целата општина, а особено ги засега станарите кои немаат балкон или сопствен двор.

Причини за забраната

Градоначалникот одлуката ја правда со потребата да се подобри изгледот на местото и да се ревитализира центарот. Француските медиуми пренесуваат дека на одлуката и претходеле и поплаки од локални бизниси.

Санкции

За оние кои нема да го почитуваат правилото е предвидена парична казна, но нејзиниот износ засега не е објавен.

Реакции

Одлуката предизвика поделени реакции кај жителите. Градоначалникот, пак, нагласува дека мерката не е насочена кон ниту една конкретна населба или група граѓани.

Правила во други земји

Правилата за сушење алишта на отворено се разликуваат од земја до земја. Во Германија, на пример, не постои општа забрана за сушење алишта на балкони и тераси, но во одредени случаи куќниот ред или конкретни околности може да постават ограничувања.