13-годишник нападнат од родител на негов соученик во Аеродром

Макфакс

26/09/2026

15:27

263

Големина на фонт

а а а

Тринаесетгодишно момче во скопската општина Аеродром било физички нападнато од родител на негов соученик и пренесено во болница со повреди. Полицијата работи на расчистување на случајот.

Тринаесетгодишно момче завршило во болница со повреди, откако било физички нападнато од родител на негов соученик во скопската општина Аеродром.

Случајот во полиција бил пријавен вчера во 15:38 часот од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, каде што момчето било донесено со повреди.

Според пријавеното, инцидентот се случил околу 12:20 часот на подрачјето на општина Аеродром. Тринаесетгодишникот, како што соопштуваат од МВР, бил физички нападнат од С.Р., родител на негов соученик.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.