Швајцарците го „прецртаа“ и Емболо поради малверзации за време на пандемијата

Дерби

26/09/2026

11:28

275

Големина на фонт

а а а

Швајцарската фудбалска репрезентација денеска ќе одигра натпревар од Лигата на нации против Македонија, а во овој мини циклус, покрај на Гранит Џака, нема да смета и на Брил Емболо.

Првично се очекуваше дека Емболо ќе му се стави на располагање на селекторот Јакин за следните натпревари, но швајцарската федерација вчера потврди дека напаѓачот нема да биде дел од националниот тим и на трите средби кои доаѓаат по гостувањето во Скопје.

Иако причината не е наведена, медиумите тврдат дека Емболо е привремено суспендиран поради користење лажни ковид тестови за време на пандемијата.

Фудбалерот ја признал вината и веќе беше казнет со парична глоба уште пред една година, но медиумите сметаат дека ова отсуство е поврзано со тој прекршок, но и се дел од пакетот во кој капитенот Џака е суспендиран поради лажниот сертификат за примена вакцина за време на истата пандемија.

Емболо е суспендиран за дуелот со Македонија поради црвениот картон заработен на СП, но според последната одлука ќе ги пропушти и дуелите со Шкотска и Словенија, односно вториот дуел со Македонија.