Франција оствари победа против Турција на дебито на Зинедин Зидан како селектор на националниот тим, но за жал оваа пресметка ќе остане во сеќавање и на повредата која ја заработи најголемата ѕвезда на „триколорите“.
Мбапе со повредата која ја заработи го вклучи алармот и истиот експресно се активираше во Мадрид, па откако пристигна информација дека напаѓачот експресно ќе биде испратен за шпанската престолнина, за очекување е во наредните 48 часа да подлегне на детални прегледи.
Килијан се повреди во моментите кога испрати шут кој заврши во мрежата на Турција, па така наместо да се радува, мораше да бара медицинска помош и да го напушти теренот.
Mbappé in a lot of pain 🥴
Get well soon, Kylian 🙏
🎥 @Metecann https://t.co/n9GRcd4ttC
— 433 (@433) September 25, 2026
Мбапе испрати јасни сигнали дека има проблем со левото колено, а француската Федерација по крајот на натпреварот извести дека се работи за повреда на тетивата на коленото.
„Триколорите“ во соопштението наведоа дека Мбапе е ослобден за следните три меча кои ќе се играат во Лигата на нации, а истовремено одговорноста за неговото здравје ќе ја преземе Реал Мадрид кој ќе мора да му прави детални испитувања.






