Со гранка од топола усмртен 77-годишен радовишанец

Макфакс

25/09/2026

13:40

177

Големина на фонт

а а а

Во селото Ораовица, Радовишко, 77-годишен маж е усмртен откако бил погоден од гранка од топола додека со моторна пила сечел дрво. Лицето починало на местото на настанот, а телото било дадено на обдукција.

Вчера во 12:30 часот во село Ораовица, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Т.Б.(73) од Радовиш.

Според пријавеното, тој околу 10:30 часот на нива во атар на село Ораовица со моторна пила сечел топола, а откако паднала, гранка од неа го погодила Н.Т.(77) од Радовиш, кој заедно со Т.Б. отишол на нивата.

Од здобиените повреди Н.Т. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Радовиш.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, а увид на местото извршила екипа од СВР Струмица – ОВР Радовиш.